Откако завршивте со студирањето, сигурно една од вашите најголеми цели е да најдете работа, но, проблемот настанува со тоа што во моментот, вие можеби ги немате потребните практични знаења од кои работодавачот би можел да добие бенефит од вас.
Па затоа, (најчесто) 3 месечната пракса е повеќе од идеално решение за Вас, а доколку договорот набрзо ви истекува, сигурно веќе размислувате дали работодавачот ќе ви понуди договор за работа.
Во оваа статија, Пазар3 ќе ви презентира 5 совети кои ќе ви помогнат да ја постигнете токму оваа цел - да добиете вработување на определено или пак на неопределено време!
Без разлика дали работите 1 месец, или пак 10 години, грешките се случуваат постојано, но, тоа не треба да ве обесхрабри доколку вашиот ментор/менаџер/работодавач ви укаже на истата, бидејќи нивната цел не е да направат да се почувствувате лошо, туку напротив, да ве направат подобри професионалци.
Затоа, уште од самиот старт покажете силна волја за учење, читајте корисни информации поврзани со вашата работа на интернет, па донекаде и експериментирајте доколку работната позиција ви ја нуди оваа можност, но, и бидете спремни да згрешите, а за тоа и да сносите одговорност.
Работењето на себе е долг и макотрпен процес, бидејќи како што знаеме - човекот учи додека е жив, а токму малата самодоверба на почетокот може да резултира со повеќе несвесни грешки бидејќи фокусот ви е што побрзо да ја завршите работата, наместо истата да биде направена правилно, како што треба.
Исто така, доколку не знаете како да решите одреден проблем, не се срамете, туку прашајте ги поискусните вработени, бидејќи подобро е да не знаете еден ден отколку поголем период.
Откога ќе го всадите овој менталитет, надлежните и работодавачите ќе можат да забележат дека вие се двоите од останатите, бидејќи учите каде грешите, прифаќате критика, наместо да влегувате во дуел и да барате одговорност од некој друг за вашите грешки, како што тоа неретко се случува во професионалниот свет.
Дали вашата цел е само да ја завршите генерално, 3 месечната обука или пак, сакате да напредувате на таа работна позиција и да добиете вработување на (не)определен период? Кои се вашите очекувања?
Колку и да звучи клише, амбицијата може навистина да допринесе кон тоа да добиете можност за постојана работа откако ќе заврши праксата, бидејќи колку што поголема амбиција имате, толку поголеми резултати и би покажувале.
Имајте на ум дека праксата не значи дека ќе добиете вработување, ниту пак, дека е крајот на светот доколку не добиете, бидејќи тука можат да се вклучат илјадници споредни фактори.
Покрај ова, Пазар3 Ве охрабрува и да целите кон одбирање на пракса, која што на вистински начин ја доловува вашата идна професија - администрација, сметководство и консалтинг, инженерство, информациона технологија, маркетинг и медиа, туризам и хотелиерство, медицина и тн. Najdi rabota согласно вашите лични карактеристики, интереси и цели за професионално усовршување преку претходна подготовка со пракса во одредена фирма која се занимава со таа област на работа.
Зошто? Бидејќи секоја професија има одредени подгранки, а како академска личност која што предмалку дипломирала, ова може да биде голем предизвик за вас, бидејќи опциите ви се многубројни.
Работната етика е вистинската слика за вас од професионална перспектива, а тоа може да им се допадне или не на работодавачите, поради фактот што се зависи исклучиво од вас.
Имајќи го предвид фактот што веќе имате шанса да работите, немојте никогаш да се чувствувате премногу комфорно и да го намалите вашиот труд.
Човековата природа можеби и налага откако ќе бидете успешни некое време, да започнете да се залажувате дека тоа нема никогаш да се смени, па се опуштате, а сепак, тоа не е вооппшто така.
За време на праксата, настојувајте да работите како да сте веќе официјално вработени, доаѓајте навремено, бидете проактивни,следете ги правилата на компанијата која што потенцијално ќе ви понуди работа на долг рок и не поставувајте ниски стандарди, туку напротив.
Колку што повеќе вложувате во работата и колку што повеќе се трудите и настојувате да ја завршите работата според дадениот рок, толку подобра слика за вас ќе имаат и работниците но и работодавачот, а тоа значи и зголемени шанси за официјален договор за работа.
Да претпоставиме дека веќе ги исполнивте горенаведените критериуми, односно истите започнавате да ги практикувате, а со тоа ги добивте и првите пофалби.
Бидете свесни дека работодавачот донекаде би претпоставувал дека сето ова го правите за да добиете full-time работа, но, сепак, доколку не разговарате за оваа опција, тогаш тој не би знаел дека ова е всушсност и навистина вашата цел.
Па, се отвора прашањето - кога да зборувам со претпоставениот?
Генерално, овој разговор се прави во втората половина од месецот, пред да ви истече договорот, а тоа нуди 2 бенефити за вас.
Од една страна, вие би знаеле дали имате шанси за склучување на договор за вработување на (не)определено време, или пак, треба да започнете да ги следите сите огласи за работа кои што се актуелни во моментот.
Неретко се случува практикантите да добијат вработување за кратко време откако јасно ќе им стават до знаење на претпоставените дека се заинтересирани за подолга соработка.
Наместо колегите да ги гледате како конкуренција, одлучете се да градите пријателски однос кој што може да биде и клучен доколку претпоставените побараат мислење од вработените за вас.
Учете од колегите, поставувајте прашања, бидете отворени за соработка, и останете позитивни, бидејќи работата во тим не е секогаш идеална, всушност, некогаш можете да се најдете во ситуација каде што притисокот може да го извади и негативното од вашите колеги.
Тоа е сосема нормално, бидејќи на крајот од денот сите сме луѓе, но она што треба да остане е позитивната соработка дури и во овие моменти, кои можат да делуваат тешко особено ако сте практиканти и нови во професионалниот свет.
Некогаш, практикантите добиваат и работа како резултат на пристојноста и мислењата на останатите колеги, па затоа, покажете се во најдобро светло!
На овој начин, вие ќе изградите и мрежа на професионалци со кои би можеле да останете во контакт, и доколку не добиете вработување во фирмата, бидејќи тие би можеле да ве известат за потенцијалните отворени работни позиции или пак да ве препорачаат на свои колеги кои имаат потреба од работници чиј квалитети ги исполнувате.
Овие совети значително ќе ви ги зголемат шансите за да ја претворите вашта пракса во вработување, па затоа, потрудете се да дадете се од себе, и искористете ги нашите совети, а ние ќе ви посакаме се најдобро во вашата кариера!
Пораки
Информации за корисникот